15. октобар 2018.

СИБИНОВИЋЕВА ВЕРЗИЈА ШЕКСПИРОВСКОГ РАСПРЕМАЊА ЖИВОТА НА МАКЕДОНСКОМ ЈЕЗИКУ




Зоран М. Мандиќ

Верзијата на Сибиновиќ за Шекспировото                                     распакување на животот
                                             

              Земајќи го во рака новиот поетски ракопис на Ѓорѓе Д. Сибиновиќ, познат Белградски поет, есеист и романописец, како пред чудо застанав на насловот Перото Вилијам Шекспир. Зошто перо, па уште и Вилијам Шекспир? Се запрашав, стравувајќи дека тоа почетно неразбирање на таинстве-носта на насловот, ќе ме доведи до пишување на есеј за обнова на пропаднатото време на метафората, како најнапаѓана и најупотре-бувана стилска фигура во српскиот јазик.
 Извлекувајќи се од тоа чудење, морав да се вратам на поранешните Сибиновиќеви поетски книги (Престол, Плодови, Нешто доверливо, Населба на белите куќи, Речник за поезија, Илјада карактери, Песни полни љубов, и Антологија на споредните соништа), за да „во вагоните на нивните лирски шини“ пронајдам некакви одговори, за перото што се вика Вилијам Шекспир, и зошто баш така, поготово во време на експанзија на техниката, кога тоа (перото) сѐ помалку се зема в рака, кога сите гледаат тажно на моменти и тажно во тепките на тастатурата, во лаптопот, немоќни да се претворат во „Перо (налив перо или гускино перо) Ѓорѓе Д. Сибиновиќ“. Но, какви одговори би пронашол јас во речниците, карактерите, населбите, антологиите и соништата на претходните песни на Сибиновиќ, во кои поетот се мечува со есеистот. Во нив, како на „панаѓур на недоумиците“, се преплетуваат мислите за филозофските ставови наспрема феномените на Бога, јазикот, смислата, љубовта, смртта и сопствениот живот. Иако е дискутабилно да се бараат, да се очекуваат и да се пронаоѓаат одговори, или, пак, да се замислуваат со помош на „личната карта“ на карактерот и ДНК ткивото на поетичкиот стожер околу кој се собираат и конституираат најважните, а на прво место одредувајќи ги јазичните, естетските и вредносните судови. За да не се искомпли-цира работата со тоа што во вакви ситуации читателот и критичарот нагласено се среќаваат со потешкотии во толкувањето на текстот со вака интониран наслов, треба да се потсетиме дека тајната на поезијата е првенствено скриена во онтолошко емотивната сфера, што значи дека е заснована сама во себе, а не во некакво вонвременско искуство или идеолошки, спознаен, морален и материјалистички интерес. Ова несогласување коинцидира со познатата дистинкција помеѓу поетската/уметничката и животната вистина. Токму на овој план Сибиновиќ се обидува да го обликува својот поетски став, кој го подразбира и антрополошкиот став, како естетички и етички слики од кои не може да се исклучи човекот, како творец и како реципиент, при што треба да се нагласи дека поезијата на Сибиновиќ се заснова на промислувањето на врската меѓу двата става  поетскиот и антрополошкиот, заедно со сите референции што го осветлуваат „исповедањето“на искуственото и спознајното во полето на „работата“ и употребата на избрани стилски фигури, а пред сè метафората, која може да направи естетичка обработка на скенираните содржини на чувства, сеќавањата и нивните сецирања под сенките и рефлекторите на расфрлените погледи и осврти.
                  Во ова, вака наведено мислење, доминира гласот на поетовата желба за преземање на концепциите на начините и наративите за „распакување“ на биографијата на сопствениот живот, од кој се слушаат разнородни, нехармонични и нецелосни гласови, кои сакаат да се обединат во битието на идентитетот, односно во уморната (авто)биографија. Огласувањето на бројните детали го поставува главното прашање: дали поетот без перото Вилијам Шекспир може да ја искаже драматичноста на животот, пред да ја стави во рамката на автобиографијата? Гледано од антрополошка перспектива, да ли може да се изврши размена помеѓу стварното и имагинарното, остварена на естетски начин, како што во еден сличен контекст пишува Е. Морен?
                   Во промислувањето на контекстите на поставените прашања и пронаоѓањето на нивните одговори, треба да се имаат на ум и зборовите на Казимир Маљевиќ, во кои е истакнато уверувањето дека „на нашата современа епоха треба да ѝ биде јасно дека животот не треба да биде содржина на уметноста, туку уметноста да биде содржина на животот, оти единствено под тој услов, животот може да биде убав“. Меѓутоа, Сибиновиќ во својата нова поетска книга Перото Вилијам Шекспир, составена од триесет и две песни, се обидува да пее/зборува за животот како најголема божја сензација, на чувствителната граница меѓу половите на стварното и имагинарното, она по што копнее и она што навистина му се случува, како драматично неверување кое обично извира од личното искуство за кое толку сугестивно пишуваше драмскиот великан Вилијам Шекспир. Маестрално компонирајќи го соочувањето и коментарите за животните случувања што се јавувале и преплетувале, од нивните најразлични љубовни, семејни, културни, па и политички агли и ќошиња, при што, посебно треба да се обрне внимание на сибиновиќевата верзија на „шекспировото распакување на животот“.
                    Затоа, вешто распоредените и тематски поврзаните наративи на овие кратки лирски песни, може да се читаат и доживуваат како чувства на разочарување од општеството, семејството, бракот, сексот (Убавица) и луѓето (Демократија). Ликот ги соочува овие разочарувања со сопствената зрелост, како што за тоа пишува Бела Хамваш, наведувајќи дека „третата зрелост“ е созревање за смртта, кога се напушта цврстината, коските, мускулите, крвта и телото, кога се појавува тагата за минливоста на младоста и животот. Стратегијата за портретирање на ова чувство, авторот ја поставува во првите „воведни“ песни на книгата Перото Вилијам Шекспир (Велосипед, Изложба, Терапија, Пелтечење и Измаглица), и преку кои најискрено може да се проговори за сето она што некого лично го допрело, што е за некого вредно, а за друг можеби и не е. Силното психолошко со-знание за краткиот и минлив живот носи разочарување, но и желба, на нивото на внатрешната побуна, во сликањето на чувствата, оној што пее за нив, да биде разбирлив, но не и видлив (Пелтечење). Продолжението на ова чувство дистонира во убедувањето дека нај-доброто во животот веќе се случило и дека и-днината носи само сеќавање на болката и залуден труд, дека во таа „иднина“ ќе се памети само огромниот напор да се пронајде пат кон успехот низ невидливото (Изма-глица). Затоа, во постапката на препознавање на овие чувства провејува впечатокот дека оваа книга навистина е конципирана како шекспировска „приказна“ за распакувањето на животот и во која читателот се соочува со „терапијата“ во ликовите што имаат „задол-жителна прошетка“ после срцевите удари и со лековите што се пијат во количини што исчезнуваат како да се украдени. Профилот на тематската поврзаност на песните е посебно изразен во песната со наслов Зајдисонце, во која акцентот е ставен на собирањето на семејството и провејувањето на чувството на осаменост и несфатеност. Наспроти таквото чувство, во песната Завера се буди свеста за пронаоѓањето на места за смиреност, место за пишување и прифаќање на самиот себе, онаков каков што човекот/поединецот е и каков што мора да биде, како што се навестува во „пресвртната“ песна Откровение, како ироничен заклучок дека на крајот ќе биде она што мора така да се оствари, let it be (нека биде така или „добра вест“’). Во „тесната кожа“ на оваа песна на свој „идеолошки“ начин се пикнале и текстуалните „липања“ на песните Лизгавица и Идентитет.
                    На крајот, треба да се истакне дека Сибиновиќ вешто управува со скриениот говор на своите песни, односно со борбата за нивната „невидливост“, но и за нивната лирска несоголеност. Тој ги покрива со плашт на херметичност, со која на извесен начин на-гласува дека со оваа книга сака да го истакне личното доживување на драматичноста на современиот свет, светот во кој денес се водат верски и граѓански војни, а се зборува за демократија. Тој, меѓу другото, верува дека најсугестивно може да се пишува за она што низ личното искуство се трансформира во лично доживување.
Затоа, оваа поезија достигнува специ-фична интелектуална, емотивна, естетска, поетичка и ирониска универзалност и оригиналност и се залага за тоа дека идната поезија или поезијата на иднината треба да пее и да говори во име на своите историски пресвртници, трагајќи по идеалот во своето ак-тивно и ретроактивно превреднување. Во тоа залагање воочлив е и неговиот поетски напон и напор да се пее со согледување на целината на поезијата, чиј развој треба да се движи со брзината на информациските технологии, што подразбира „рушење на реликтите на евтините рими и сонетни празноглавости.

                    

         Овај текст Зорана М. Мандића са српског на македонски језик превео Михајло Свидерски. Текст је претходно под насловом "Сибиновићева верзија шекспировског распремања живота", на српском објављен у формату поговора у Сибиновићевој књизи песама ОЛОВКА ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР (Књижевна заједница "Борисав Станковић", Врање, 2018.). Књигу на македонском је објавио издавач "Восток" из Битоља, а коју као главни и одговорни уредник потписује Славица Гаџева Свидерска.

Нема коментара:

Постави коментар